Белешки за изданието GNOME 2.22

1. Вовед

GNOME 2.22 е најновата верзија на работната околина GNOME. Таа е популарна, повеќеплатформска работна околина. GNOME се фокусира на леснотија при работата, стабилноста и интернационализација од прва класа со поддршка за пристапност. GNOME е базиран на слободен софтвер и ги овозможува сите најчести алатки кои корисниците ги очекуваат од една модерна компјутерска околина, како што се алатките за е-пошта, groupware, веб прелистувач, менаџмент на датотеки, мултимедија и игри. GNOME овозможува моќна платформа за развивачите на софтвер и за десктоп и за мобилни апликации.

Нова верзија на работната околина GNOME излегува секои шест месеци, со нови опции, подобрувања, поправени „бубачки“ и преводи. И GNOME 2.22 продолжува со таквата традиција. За да дознаете повеќе за GNOME и работите со кои таа околина се издвојува од другите работни околини (едноставност при користењето, пристапност, интернационализација и слобода) посетете ја страницата „За GNOME“ на нашиот веб сајт.

Придружете ни се денес и проверете колку многу работи можете да подобрите.

GNOME 2.22 ги вклучува сите подобрувања кои се направени во GNOME 2.20 и постарите верзии. Можете да дознаете повеќе за промените кои се случија во GNOME 2.20 од неговите белешки за изданието.

2. Во сеќавање на Raphael Higino

Изданието GNOME 2.22 е посветено на Raphael Higino, член на преведувачкиот тим на GNOME и GNOME Brazil.

Figure 1Raphael Higino

Raphael Higino беше долгогодишен придонесувач на бразилскиот тим за превод на GNOME и беше посветен на GNOME. Тој беше многу важен член на тимот и секогаш им помагаше на новите придонесувачи. Тој се спријатели со многумина од заедницата. Raphael загина минатата година во сообраќајна несреќа со мотоцикл на возраст од 24 години. Неговата посветеност, вложен труд и пријателство секогаш ќе бидат запаметени од заедницата и од сите оние чии што животи тој ги допре.

Од Og Maciel

3. Што има ново за корисниците

Проектот GNOME се фокусира кон корисниците и едноставноста во користењето пролжува и со GNOME 2.22. Оваа верзија доаѓа со стотици поправени бубачки и подобрувања кои се бараа од корисниците. Огромната бројка на подобрувања го прави невозможно прикажувањето на секое подобрување одделно. Се надеваме дека ќе успееме да Ви ги истакнеме некои од новите опции на GNOME ориентирани кон корисникот.

3.1. Речи „Cheese“

Figure 2Програмата Cheese.

GNOME 2.22 носи нова апликација, Cheese. Cheese Ви овозможува правење на фотографии и видеа со користење на веб камерата на Вашиот компјутер. Можете да додадете разни ефекти како mauve, noir/blanc, shagadelic и warp. Можете да ги споделите овие фотографии и видеа со Вашите пријатели, да ги вчитате во F-Spot, или да ги поставите како фотографија за Вашата сметка.

3.2. Композитинг на прозорци

GNOME 2.22 вклучува композитинг на прозорци за платформите кои го поддржуваат тоа. Во согласност со политиката за едноставност на GNOME, овие опции се минимално користени. Најочигледни промени се фрлањата сенки на прозорците, живите прегледи при промена на прозорците со Alt+Tab и ефектите за транспаретност.

Не секој хардвер за графика поддржува композитинг, па оваа опција моментално е стандардно исклучена и уште не се прикажува во опциите. Можете да ја извршите следната команда: gconftool-2 -s --type bool /apps/metacity/general/compositing_manager true од дијалог прозорецот за извршување на програми во уредувачот на конфигурации. За да го исклучите композитингот, поставете го овој клуч на false.

3.3. Подобри мрежни датотечни системи

GNOME 2.22 го претставува GVFS: нов мрежен транспарентен слој за датотечни системи за GTK+. GVFS е дизајниран да ги надмине недостатоците на постариот GNOME-VFS систем. Подобрувањата на GNOME-VFS вклучуваат помнење на акредитациите за целата сесија и помалата појава на грешки. Многу GNOME апликации веќе користат GVFS, вклучувајќи ги сите апликации од јадрото.

Со преминот на GVFS, GNOME сега ја користи спецификацијата од Freedesktop.org за корпата за ѓубре за справување со избришаните датотеки.

Достапни се и некои нови протоколи. cdda:// ќе ги прикаже сите аудио траки на CD, достапни како WAV датотеки. gphoto2:// ќе Ви даде пристап до поврзаните дигитални фотоапарати.

Менаџерот на датотеки на GNOME сега попаметно се справува со преносливите медиуми и сега прикажува лента со информации со можните дејства кога внесувате пренослив медиум или прелистувате папка на пренослив медиум.

Техничките информации за GVFS се достапни под Section 6.1 ― GVFS и GIO во одделот „Што има ново за развивачите“.

3.4. DVD, дигитална телевизија и повеќе

Пуштачот на филмови за GNOME сега нуди подобрена поддршка за пуштање DVD, како и поддршка за дигитална телевизија (DVB). Во 2.22 се појавуваат и нови приклучоци, вклучувајќи поддршка за MythTV, Youtube и пребарување базирано на Tracker. Ова издание вклучува и споделување на плејлисти и можност за избор на титлови за датотеките.

GNOME 2.22 ја претставува можноста за пуштање на Flash содржини и видео со користење на слободниот Flash декодер swfdec.

3.5. Интернационален часовник

Нема потреба да правите пресметки за да знаете кога започнува Вашата телефонска конференцијa во Сиднеј. GNOME 2.22 сега има вградена интернационализација во неговиот часовник. Можете да додадете повеќе локации од светот за да го видите локалното време и временска прогноза.

Figure 3Интернационалниот часовник.

3.6. Еволуција во континуитет

Evolution продолжува со подобрување со новата поддршка за Google календари и прилагодени етикети за пораките (тагирање) за Вашата е-пошта.

Figure 4Evolution прикажува Google календар.

Се работеше и на подобрување на брзината на филтрирање на спам пораките и на правењето на дијалог прозорци со грешки помалку нападни на Вашата работна околина преку користење на статусната лента, наместо скокачки прозорци.

3.7. Оддалечена работна околина

Нов во GNOME 2.22 е прегледувачот на оддалечена работна околина. Оваа апликација ја надополнува постоечката поддршка за сервери за оддалечени работни околини во GNOME. Има способност за откривање на машини на локалната мрежа и обележување на омилените.

Figure 5Прегледувачот на оддалечени работни околини поврзан со тековната работна површина.

На корисниците кои што сакаат да имаат повеќе контрола врз серверот за оддалечени работни околини добро ќе им послужи јазичето Напредно во дијалогот за својства.

3.8. Поедноставени поставувања за тастатурата

Преференциите за распоред на тастатурата и пристапноста на тастатурата се споија во еден дијалог, со што секое поставување на тастатурата сега се наоѓа на едно место. Кратенките на тастатурата за работната површина остануваат истите.

Figure 6Новиот дијалог прозорец за преференции на тастатурата.

3.9. Но тоа не е сѐ...

GNOME 2.22 доаѓа со многу поправени бубачки и подобрувања кои беа побарани од корисниците во последните шест месеци на развојот, вклучувајќи:

  • директно отворање на контактите на Evolution во Deskbar;
  • подобрено печатење во уредувачот на текст;
  • мрежно играње на шах;
  • известувања за преземања во Epiphany;
  • LZMA (7-zip) поддршка во менаџерот на архиви;
  • спречување на автоматското суспендирање и хибернација при снимање на CD-иња;
  • Прегледувачот на документи сега е побрз и користи помалку меморија;
  • Прегледувачот на документи сега поддржува премин на страници на PDF слајд шоу;
  • Tomboy сега може да ги организира Вашите белешки во тетратки;
  • Sound Juicer сега поддржува повеќе метаподатоци, вклучувајќи број на диск и година;
  • забележителни подобрувања на прецизноста и употребливоста на Калкулаторот;
  • Менаџерот за приврзоци е целосно заменет од Seahorse;
  • многу многу други работи за кои што треба да инсталирате или да надградите за да ги видите!

4. Што има ново oколу пристапноста

4.1. Подобрувања во читањето и зголемувањето на екранот

Orca, технологијата за читање на екранот на GNOME, доаѓа со бројни подобрувања во верзијата 2.22. Блиската соработка со Mozilla доведе до одлична пристапност на Firefox 3, вклучувајќи ја и поддршката на Orca за пристапни брзи интернет апликации (Accessible Rich Internet Applications (ARIA)) and „живи региони“ (Live Regions). Ова овозможува побогата пристапност на денешните модерни, динамички веб апликации.

Orca во GNOME 2.22 исто така носи поддршка за скратени брајови знаци од нивото 2. Исто така беше вложен многу труд во подобрувањето на квалитетот и стабилноста на Orca.

Зголемувачот на екранот беше подобрен и сега може да ги користи придобивките од технологиите како X композитирањето за да овозможи поглатко лизгање и лизгање на цел екран на хардвер кој го поддржува тоа. Исто така има подобрена поддршка за филтери за слепило на бои.

4.2. Нови пристапности на глувчето

GNOME 2.22 сега вклучува збир од повеќе специјални подобрувања на пристапноста за контролирање на глувчето. Од нив издвојуваме:

  • можност за „фаќање“ на стрелката на глувчето во некој регион на екранот;
  • можноста за отворање на контекстуално мени само со едно копче од глувчето; и
  • можноста за извршување на различни типови на кликања (на пр. единечно кликнување, двоен клик, контекстуален клик и влечење) без користење на копче од глувчето (обично се мисли на задржување на стрелката над објектите).
Figure 7Опции за пристапност на глувчето.

5. Што има ново за администраторите

5.1. Интеграција со PolicyKit

PolicyKit е нов повеќеплатформски безбедносен фрејмворк. Целта на PolicyKit е да овозможи начин за корисничките апликации да добијат додатни привилегии, на пр. административните апликации.

Со користење на PolicyKit, администраторите сега ќе можат да конфигурираат поставувања на целиот систем. На пример, можеби сакате да го поставите времето и датумот или да им дозволите на корисниците да стартуваат или стопираат системски сервиси.

За корисниците, контролните панели сега вклучуваат копчиња за отклучување, веднаш до поставувањата кои моментално не се авторизирани за промена. Со кликнување на копчето за отклучување, од корисникот ќе бидат побарани додатни информации за авторизација.

Figure 8Мрежни поставувања.

5.2. Подобри системски алатки

Алатките за системска администрација на GNOME сега ги надгледуваат промените на конфигурациските датотеки кои ги уредуваат. Ова значи дека ако друг администратор ја промени конфигурацијата, Вашиот приказ се освежува, прикажувајќи ги промените.

Алатката споделени папки сега Ви овозможува да ја уредувате базата на корисници на SMB (smbpasswd).

Алатката мрежи сега може да поставува PPPoE и GPRS врски.

6. Што има ново за развивачите на софтвер

Развојната платформа на GNOME 2.22 овозможува цврста основа за креирање на самостојни апликации. GNOME и неговата платформа се лиценцирани да дозволуваат креирање и на слободен и на неслободен софтвер кој ќе се извршува врз GNOME.

Библиотеките на платформата на GNOME гарантираат дека ќе бидат API и ABI стабилни и во останатите изданија од серијата GNOME 2.x. Библиотеките на работната околина GNOME не го гарантираат тоа, но најчесто остануваат усогласени од едно до друго издание.

6.1. GVFS и GIO

GVFS е јузерспејс виртуелен датотечен систем со бекенди за протоколи како SFTP, FTP, DAV, SMB, ObexFTP. GVFS е замена за GNOME-VFS. GNOME-VFS отсега се смета за застарен и развивачите не треба да го користат во нови апликации.

GVFS се состои од два дела:

  • GIO, нова споделена библиотека која е дел од GLib и овозможува API за GVFS; и
  • самиот GVFS, нов пакет кој содржи бекенди за разни типови на датотечни системи и протоколи како SFTP, FTP, DAV, SMB и ObexFTP.

GVFS/GIO цели да обезбеди модерен VFS систем кој е лесен за употреба. Неговата цел е да обезбеди API кое развивачите ќе го преферираат над POSIX IO повиците. Наместо да го клонира POSIX IO API-то, GVFS овозможува интерфејс од повисоко ниво кој е центриран околу документи. Покрај читање и запишување на датотеки, GIO овозможува можности за надгледување на датотеки, асинхрон IO и довршување на имињата на датотеките.

GVFS работи со извршување на еден главен демон (gvfsd) кој што се грижи за тековните GVFS монтирања. Секое монтирање се извршува во посебен демон. (Некои монтирања споделуваат процес-демон, но повеќето не го прават тоа.) Клиентите комуницираат со монтирањата преку комбинација од D-Bus повици (на магистралата на сесијата и со користење на peer-to-peer D-Bus) и прилагоден протокол за содржини на датотеки. Преместувањето на бекендите надвор од процесот го минимизира нередот на зависности за апликациите и го прави целиот систем робустен.

GVFS исто така нуди и FUSE точка за монтирање во ~/.gvfs/ така што GVFS монтирањата може да се поврзат со стари апликации кои разбираат POSIX IO.

За разлика од GNOME-VFS, поврзувањата во GVFS се постојани. Тоа значи дека корисникот треба да ја внесе лозинката само еднаш во текот на една успешна врска.

Со преминувањето на GVFS, автоматското монтирање и стартување се управувани директно од Nautilus наместо преку gnome-volume-manager.

API документацијата за користење на GIO е достапна онлајн заедно со водичите за миграција од POSIX IO и GNOME-VFS на GIO.

6.1.1. Уназадувања

И покрај тоа што GVFS поправа многу проблеми кои претходно постоеjа во GNOME-VFS, моментално има некои уназадувања. Најзабележлив е недостатокот на fonts:// и themes://.

Овие проблеми ќе се поправат најскоро што може. Има некои апликации кои останува да се портираат на GVFS. Состојбата на ова портирање е документирана онлајн.

6.2. Anjuta ИРО (интегрирана развојна околина)

Интегрираната развојна околина Anjuta сега е дел од развојниот пакет на GNOME. Anjuta ИРО интегрирана во GNOME која на развивачите им овозможува многу опции како што се: вграден дебагер, интегриран уредувач на кориснички интерфејс и Valgrind интерфејс.

Figure 9Листа на задачи за Anjuta.

7. Интернационализација

Благодарение на членовите на проектот за превод на GNOME, GNOME 2.22 нуди поддршка за 46 јазици со најмалку 80 проценти преведени низи, вклучувајќи ги корисничките и администраторските упатства на многу јазици.

Поддржани јазици:

  • Јапонски
  • Англиски (САД, Британија, Канада)
  • Арапски
  • Баскиски
  • Бразилски-португалски
  • Бугарски
  • Виетнамски
  • Галицијански
  • Германски
  • Грчки
  • Гуџарати
  • Дански
  • Дзонгха
  • Естонски
  • Италијански
  • Каталонски
  • Кинески (Кина)
  • Кинески (Тајван)
  • Кинески (Хонг Конг)
  • Корејски
  • Латвиски
  • Литвански
  • Македонски
  • Малајалам
  • Марати
  • Непалски
  • Норвешки - Bokmål
  • Полски
  • Португалски
  • Пунџаб
  • Руски
  • Словенечки
  • Српски
  • Српски - латиница
  • Тамилски
  • Тајландски
  • Турски
  • Украински
  • Унгарски
  • Фински
  • Француски
  • Холандски
  • Чешки
  • Шведски
  • Шпански

Многу други јазици се делумно поддржани, со повеќе од половина преведени низи.

8. Инсталирање на GNOME

Можете да го пробате GNOME 2.22 со новото живо CD кое го содржи софтверот вклучен во GNOME 2.20 на едно CD. Можете да го подигнете Вашиот компјутер директно преку живото CD без да инсталирате било што. Може да се преземе од BitTorrent сајтот на GNOME.

За да инсталирате или да ја надградите Вашата машина со GNOME 2.22, препорачуваме да ги инсталирате официјалните пакети од Вашиот добавувач или Вашата дистрибуција. Во популарните дистрибуции GNOME 2.22 ќе биде достапен за скоро, а некои веќе имаат достапни развојни верзии со GNOME 2.22. Можете да видите целосна листа на дистрибуции во кои има GNOME и да откриете кои ги имаат најновите верзии на страницата Get Footware.

Ако сте храбар и трпелив и сакате да го искомпајлирате GNOME од изворен код, препорачуваме да користите една од алатките за полесно компајлирање. GARNOME го компајлира GNOME од tar пакетите на изданието. Ќе ви треба GARNOME 2.22.x за да го искомпајлирате GNOME 2.22.x. Исто така постои и jhbuild кој е дизајниран за компајлирање на најновиот GNOME од svn. Можете да го користите jhbuild за компајлирање на GNOME 2.22.x со користење на групата модули - gnome-2.22.

Ако е можно да се искомпајлира GNOME директно од tar топки од изданието, строго препорачуваме да се користи една од алатките за компајлирање напишани погоре.

9. Гледајќи кон GNOME 2.24

Развивањето нe застанува со GNOME 2.22. Веќе е се работи на GNOME 2.24, кој ќе биде издаден за точно шест месеци по 2.22.

Некои од возбудливите работи кои се очекуваат во GNOME 2.24:

  • новата верзија на VoIP клиентот на GNOME, Ekiga, вклучува подобрен кориснички интерфејс и поддршка за SIP присуство;
  • клиентот за инстант пораки Empathy, кој го користи фрејмворкот за комуникации Telepathy;
  • често побаруваната колона и погледи на листи во менаџерот на датотеки на GNOME;
  • завршувањето на портот од GNOME-VFS на GVFS; и
  • поправени бубачки, подобрувања во перформансите и подобрувања во искористеноста на меморијата на работната површина.

Наскоро ќе се појави патеката за развој на GNOME со планови за развојот на следниот циклус на изданија и наскоро ќе се појави распоредот за изданието 2.24 на GNOME.

10. Заслуги

Овие белешки за изданието беа составени од Davyd Madeley со голема помош од заедницата на GNOME. Од името на заедницата им се заблагодаруваме на сите развивачи и придонесувачи кои го овозможија ова издание на GNOME.

Ова можеби не е преведено и на твојот јазик. Ако сакаш да го преведеш, контактирај со проектот за превод на GNOME.