GNOME 2.18 (Едноставно прекрасно)

1. GNOME 2.18 (Едноставно прекрасно)

GNOME 2.18 излезе на време, како и обично. Врвната работна околина за сите изгледа подобро од било кога. Ова е уште едно прогресивно издание во нашиот пат кон усовршување. Во него се вклучени многу подобрувања на дизајнот, на перформансите на компонентите од работната околина и растечката колекција на вклучени апликации. Два добри примери кои вредат да се пробаат се веб прелистувачот и менаџерот за прозорци.

Личната безбедност сега е целосно интегрирана во работната околина, така што дозволува дигитално потпишани комуникации, екриптирање на е-поштата и на локалните датотеки и менаџмент на личните клучеви кој е пријателски за корисниците. Интернационализацијата напредува во сите насоки со поддршката за вертикален распоред на текстот и целосната арапска локализација, што се совпаѓа со највисоките стандарди. Официјалното издание содржи основни алатки за програмери, кои што со надеж ќе придонесат за добивање на повеќе и подобар софтвер за корисниците на GNOME.

Што е уште поважно, за прв пат ставивме онлајн игри, шах со 3D изглед и бескрајна Sudoku забава.

Работната околина GNOME се дистрибуира преку слободни и комерцијални оперативни системи вклучувајќи ги Debian, Fedora, Mandriva, OpenSolaris, RedHat, SLED и Ubuntu. GNOME исто така е присутен во XO (уредот на „По еден лаптоп за секое дете“) и во растечката колекција на мобилни уреди. Корисниците можат веќе да го пробаат изданието 2.18 на GNOME преку официјалните демо живи верзии или преку тест верзиите издадени од некои дистрибуции. Проверете ја страницатаЗеми Footware и пробајте.

2. Во повеќе детали

Секој
  • Tomboy, аплетот за земање белешки, Ви помага подобро да ги следите најважните белешки со прикачување, со што ги прави полесни за наоѓање.
  • Користењето на Tomboy за креирање на листи сега е едноставно како што е додавањето * или -.
  • Не губете во Вашата работа и продолжете онаму каде што застанавте со наоѓање на скорашно отворените датотеки или со новиот аплет „Deskbar“.
  • Најдете каде се троши Вашиот празен простор на дискот со новиот графикон-прстен во анализаторот на дискот на GNOME.
  • Зачувајте енергија од батеријата со контролата на процесорот преку менаџерот за енергија на GNOME.
  • Без разлика дали имате два екрани или не, прегледувачот на документи на GNOME сега поддржува отворање на повеќе примероци од еден документ истовремено.
  • Користете ја новата карактеристика на историјата за да управувате со Вашите документи како со веб страница.
  • Раздавајте подобри печатени слајд-белешки и заинтригирајте ја Вашата публика со новиот режим на презентација на Evince.
  • Дигитално потпишувајте ги или проверувајте ја автентичноста на Вашите документи со користење на Seahorse, новиот front-end на GNU Privacy Guard.
  • Користете го Seahorse за да се справите со безбедноста на Вашата работна околина и Вашите OpenPGP и SSH клучеви.
Програмери
  • Креирајте апликации побрзо со користење на новиот создавач на графички интерфејси - Glade.
  • Прикажете ја целата Ваша документација со користење на новиот вграден систем за помош.
  • Подобреното пријавување на бубачки осигурува дека GNOME само се подобрува.

3. Забава

  • Енкодирајте го Вашето аудио во повеќе формати, вклучувајќи OGG, MP3 и дури AAC!
  • Покачете ја јачината на звукот на Вашата музика и филмови со новата, подобрена контрола на звукот, која сега поддржува и напредни картички за звук, вклучувајќи ја и Audigy 2.
  • Направете одмор и пробајте ги нашите две нови игри: Шах со glChess, каде што можете да играте или против некој пријател; или пробајте да го совладате компјутерскиот противник или испробајте се во решавање на Sudoku со GNOME Sudoku, јапонската сложувалка со бројки.
  • Предизвикајте пријател на онлајн игра на Nibbles, Iagno или Four-in-a-Row.

4. Споделете ја Вашата работна површина

  • Поврзете се со Вашата работна околина од било каде во светот.
  • Ако ги ротирате Вашите слики во фотоапаратот, тие ќе останат такви кога ќе ги гледате со „Eye of GNOME“ - прегледувачот на слики.
  • Покажете им на Вашите пријатели како ја прилагодивте Вашата работна околина од најавниот екран, па сѐ до изгледот на Вашите омилени апликации на GNOME.

5. Универзален пристап

  • Додадена поддршка за вертикални распореди на текст во кинески и јапонски.
  • Додадени нови драјвери за текст-во-говор вклучувајќи ги Loqeundo, Cepstral Swift и eSpeak.
  • Подобрена поддршка за Orca.
  • Подобрена поддршка за кинески со користење на IBMTTS енџинот.
  • Подобрена поддршка за зголемувачот на Gnome.
  • Додаден е речникот на тајландски во речникот на GNOME.
  • Подобрено прикажување на резултатите во речникот на GNOME.

6. За GNOME

Ние произведуваме слободен софтвер кои што ги прави компјутерите пријателски, корисни и забавни. Обезбедуваме графичка околина која е лесна за употреба, мноштво вклучени програми и алатки за развивање и одржување на Вашите сопствени апликации.

GNOME е достапен во многу јазици. Компатибилен е со повеќе оперативни системи. Работи на домашни компјутери, лаптопи, мобилни уреди, суперкомпјутери и мали вградени апарати. GNOME можете да го најдете насекаде низ светот, по домовите, училиштата, канцелариите и можеби и во Вашето соседство, исто така.

GNOME се има здобиено со репутација поради неговата едноставност и леснотија при користењето. Сакаме софтвер кој едноставно работи: логичен, чист, интуитивен и полн со смисла. Вниманието кон деталите е секогаш ценето: ги „полираме“ интерфејсите, исто и внатрешните процеси во непрекината потрага кон убавина и интеграција.

Координаторот на овој голем проект се потпира врз фондацијата GNOME - отворена организација формирана од волонтери, професионалци и компании.

Дознајте повеќе за најдобрите вредности на GNOME на www.gnome.org.